• петок, 08 ноември 2024

Втор пораз на македонската аматерска репрезентација во УЕФА Купот на региони

Втор пораз на македонската аматерска репрезентација во УЕФА Купот на региони

 

Стара Пазова, 16 септември 2024 (МИА) – Македонската аматерска фудбалска репрезентација го претрпе денеска вториот пораз на квалификацискиот турнир во УЕФА Купот на региони и ги загуби шансите за пласман во завршницата на ова натпреварување.

Избраниците на селектор Жанко Савов попладнево во рамки на второто коло во квалификациската група 3 која се игра во српскиот град Стара Пазова загубија со пресврт од Западна Словачка со 2-1.

Спасов ја донесе Македонија во водство во 51 минута, но противникот до крајот на дуелот направи целосен резултатски пресврт и забележа победа со головите на Мего (70) и Стовичка (78).

Во првото коло, македонската аматерска репрезентација загуби од Војводина со 2-0.

Шанса со победа да го заврши настапот на квалификацискиот турнир македонската селекција ќе има в четврток кога во рамки на последното коло во групата 3 ќе игра против велшкиот Тим Ранбартол. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан