• сабота, 23 ноември 2024

Втор круг од локалните избори во Полска

Втор круг од локалните избори во Полска

Варшава, 21 април 2024 (МИА) - Полјаците денеска гласаат за градоначалници во стотици градови и села каде ниту еден кандидат не освоил најмалку 50 отсто од гласовите во првиот круг од изборите на 7 април.

Градоначалниците ќе бидат избрани во вкупно 748 населени места, вклучувајќи ги градовите Краков, Познан, Жешов и Вроцлав. 

Локалните и регионалните избори се сметаат за тест за проевропската влада на премиерот Доналд Туск четири месеци откако ја презеде власта на национално ниво. Партијата на Туск имаше добри резултати во големите градови, вклучително и Варшава, каде кандидатот на неговата партија, Рафал Тшаковски лесно доби уште еден градоначалнички мандат пред две недели. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан