Мексико нема да ги обнови дипломатските односи со Еквадор
- Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум денеска изјави дека Мексико нема да ги обнови дипломатските односи со Еквадор се додека претседател на таа земја е Даниел Нобоа.

Мексико Сити, 16 април 2025 (МИА) – Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум денеска изјави дека Мексико нема да ги обнови дипломатските односи со Еквадор се додека претседател на таа земја е Даниел Нобоа.
Прекинот на односите меѓу двете земји е последица на рацијата на еквадорските безбедносни сили на мексиканската амбасада во Кито во април 2024 година.
По тој упад на еквадорските безбедносни сили, Мексико ги повлече своите дипломати од оваа јужноамериканска земја. јт/
Фото: МИА архива