ВРЕДИ: И СДСМ почна да бега од ДУИ
- СООПШТЕНИЕ - СДСМ конечно ја прифати она што граѓаните одамна го знаат, Унијата за девалвација на институциите (ДУИ) е тежок товар за секое партнерство и машина која произведува само кризи и корупција. По години сервилност и обиди да ја заштити оваа трула партија, СДСМ сега прави задоцнет чекор кон оградување од ДУИ, јавно извинувајќи се за неуспесите.
Скопје, 5 декември 2024
СДСМ конечно ја прифати она што граѓаните одамна го знаат, Унијата за девалвација на институциите (ДУИ) е тежок товар за секое партнерство и машина која произведува само кризи и корупција. По години сервилност и обиди да ја заштити оваа трула партија, СДСМ сега прави задоцнет чекор кон оградување од ДУИ, јавно извинувајќи се за неуспесите.
ДУИ не е само изолирана од граѓаните и гласачите, туку и од нејзините доскорешни партнери. Оваа партија, која 22 години ги нарушува сите норми на доверба создавајќи систем во кој доминираат криминалот и корупцијата, повеќе нема место во политиката. Не може да има соработка со партија која ја уништи секоја институција до која имаше пристап, оставајќи ја државата заглавена во ќорсокак, а граѓаните разочарани. ДУИ докажа дека каде што ќе допре, ни трева не никнува!
ДУИ, која две децении ги разочаруваше граѓаните и изгради систем на корупција и злоупотреби, денес остана само со еден партнер во криминалот: Никола Груевски. Со нивните оркестрирани обиди за дестабилизација за време на ноемвриските празници, оваа исцрпена клика уште еднаш покажа дека е подготвена да го жртвува стабилноста и интересот на граѓаните само за да ги заштити сопствените гревови.
Времето на ДУИ заврши! Време е оваа разбиена и изолирана клика, која го држеше развојот во заложништво и предизвика стагнација, конечно да биде минато. Ние, како коалиција ВЛЕН, сме посветени на праведна иднина и политика која е во служба на граѓаните, а не на тесните интереси на политичките клики.
Коалиција ВРЕДИ
________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.