Промоција на документарното видео на БужАр: Тетратките за снимањата на Оркестарот на народни инструменти на Радио-телевизија Скопје, 1972 - 1985 година
- Промоција на најновото документарно видео на БужАр: Тетратките за снимањата на Оркестарот на народни инструменти на Радио-телевизија Скопје, 1972 - 1985 година, ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во КСП „Центар - Јадро“.
Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Промоција на најновото документарно видео на БужАр: Тетратките за снимањата на Оркестарот на народни инструменти на Радио-телевизија Скопје, 1972 - 1985 година, ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во КСП „Центар - Јадро“.
- Ова документарно видео се фокусира на искажувањето на Тихомир Весковски, долгогодишен член на ансамблот, музикологот Милена Наумовска, која ги дигитализира тетратките на оркестарот на народни инструменти на Радио-телевизија Скопје, подоцна Македонско радио и телевизија. Овој оркестар е стожерот околу кој се гради, се развива и се чува македонскиот музички фолклорен идиом. Периодот што го покриваат тетратките од 1972 до 1985 година е обележан со многу обемна и успешна активност на Окестарот - се наведува во соопштението на КСП „Центар - Јадро“. бд/са/
Фото: КСП Центар - Јадро / Соопштение