• сабота, 23 ноември 2024

Во јануари 69,8 отсто од потрошената струја од домашно производство

Во јануари 69,8 отсто од потрошената струја од домашно производство
Скопје, 25 март 2022 (МИА) - Во јануари годинава во земјава вкупно се потрошени 829.783 мегават часови електрична енергија, 37,419 милиони нормални кубни метри природен гас, 497.697 тони јаглен и 90.174 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,8 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,2 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја. вј/дма/

Остани поврзан