• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Турција уапсени речиси 1.900 лица кои учествувале во протестите поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Во Турција уапсени речиси 1.900 лица кои учествувале во протестите поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Анкара, 27 март 2025 (МИА) - Турција денеска ја отфрли меѓународната „осуда“ за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и протестите кои следеа, а властите соопштија дека уапсиле речиси 1.900 луѓе поради учество во демонстрациите.

Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој имаше предност во некои анкети, беше уапсен во неделата и приведен во очекување на судењето поради обвиненија за корупција.

Неговото апсење ги предизвика, како што објавија медиумите, најголемите антивладини протести во последната деценија.

Главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) на Имамоглу, други опозициски партии, организации за човекови права и западни сили рекоа дека случајот против градоначалникот е „политизиран обид да се отстрани потенцијалната изборна закана за Ердоган“.

Владата негира какво било влијание врз судството и тврди дека судовите се независни. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан