• четврток, 30 јануари 2025

Во Турција уапсени над 100 лица осомничени за припадност кон ИД

Во Турција уапсени над 100 лица осомничени за припадност кон ИД

Анкара, 28 јануари 2025 (МИА) – Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска изјави дека се уапсени повеќе од 100 осомничени за дејствување во рамките на терористичката организација Исламска држава.

Тие се уапсени во операциите „Гурз-41“ и „Гурц-42“ спроведени во 24 провинции, а Јериклаја на социјалните мрежи објави дека операциите биле спроведени во 24 провинции, вклучувајќи ги Истанбул, Анкара и Дијарбекир, јави Анадолија.

Тој истакна дека е утврдено оти 100 осомничени кои биле приведени дејствувале во рамките на терористичката организација Исламска држава или дека ја финансирале терористичката организација и вршеле пропаганда преку нивните профили на социјалните мрежи. При операциите биле запленети документи и дигитални материјали. јт/

Остани поврзан