Во Тирана честитки до амбасадорот Марковски за првата меѓувладина седница и почетокот на преговорите со ЕУ
- Македонскиот амбасадор во Тирана денеска присуствуваше на церемонијата на симболично подигање на европското знаме пред албанската влада, информираа од Амбасадата.

Тирана, 20 јули 2022 (МИА) - Македонскиот амбасадор во Тирана денеска присуствуваше на церемонијата на симболично подигање на европското знаме пред албанската влада, информираа од Амбасадата.
- Премиерот Рама во разговорот со амбасадорот Марковски со порака: „Ви реков дека ќе успееме“, стои во објавата.
Се додава дека бројни честитки амбасадорот добил за постигнатиот успех и упорноста на Владата и премиерот Димитар Ковачевски, за одржувањето на првата меѓувладина седница и почеток на преговорите на Европската Унија со Република Северна Македонија.
Се посочува дека честитки упатила претседателката на парламентот Линдита Никола, министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, координаторот на парламентарната група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, други министри и акредитирани амбасадори. вт/цр
