Во Струмица преку „Систем 48“ во првите шест месец од годината решени 498 проблеми, најмногу за уличното осветлување
- Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во првите шест месеци од годината биле решени 498 проблеми од вкупно пријавените 578 од страна на граѓаните, додека за останатите 80 е потребно повеќе време од 48 часови и истите биле проследени до надлежните служби,информираа денеска од Општината.

Струмица, 4 јули 2025 (МИА) - Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во првите шест месеци од годината биле решени 498 проблеми од вкупно пријавените 578 од страна на граѓаните, додека за останатите 80 е потребно повеќе време од 48 часови и истите биле проследени до надлежните служби,информираа денеска од Општината.
Како и порано најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ биле од областа на уличното осветлување-384, собирање смет-84, водовод и канализација-61, паркови и зеленило-32 и 17 за улици, патишта и тротоари.
Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните да го користат овој сервис за проблемите со коишто се соочуваат и навремено да пријавуваат на бесплатниот телефонски број 080014848 и мобилниот телефонски број 076484848, за да може навремено да се интервенира до надлежните служби и да се постапи по пријавите.рт/
Фото: Општина Струмица