Стојковски: На градежниот цинизам во Куманово ќе одговориме со 20 отсто зеленило на секоја градежна парцела
- Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Куманово, м-р Сретен Стојковски, во видео-обраќање најави јасни урбано-еколошки стандарди, како што се задолжително зеленило, ред во управувањето со отпадот и системски решенија против поплави, се вели во соопштението од ДОМ, што МИА го објавува во интегрална форма.
15 октомври 2025
Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Куманово, м-р Сретен Стојковски, во видео-обраќање најави јасни урбано-еколошки стандарди, како што се задолжително зеленило, ред во управувањето со отпадот и системски решенија против поплави, се вели во соопштението од ДОМ, што МИА го објавува во интегрална форма.
„На градежниот цинизам ќе одговориме со мерка: најмалку 20% зеленило на секоја градежна парцела — не како декоративна мисла, туку како обврска што ќе се почувствува во секоја населба,“ порачува Стојковски.
Тој посочи дека Куманово мора да воведе ред во третманот на градежниот и габаритниот отпад.
„Каде што денес завршува шут, утре ќе стои ‘зелен остров’ — место за градежен и габаритен отпад со ред и трага. Нашите реки и улици не се канализација“, порачува Стојковски.
Тој најавува и приоритетна инфраструктурна интервенција во атмосферската канализација на Куманово.
„Кога ќе заврне, кумановчани и кумановки не смеат да стравуваат за своите домови. Ќе бараме доизградба на атмосферската канализација — од сегашните 22% покриеност кон целосно одвојување на дождовницата, за да не ја гуши фекалната мрежа и пречистителната станица,“ вели носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Куманово, м-р Сретен Стојковски.
Линк до видеото: https://www.facebook.com/reel/1475981630340764