• среда, 25 декември 2024

Во Пустец осветениот крст го фати Сотир Темелко

Во Пустец осветениот крст го фати Сотир Темелко

Пустец, 19 јануари 2024 (МИА) - Православниот празник Богојавлние-Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци - Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник.

Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и после литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се фрла крст во сите девет села.

Во Пустец, по богослужбата што во црквата „Свети Атанасиј“ ја одржа отец Темелко, осветениот крст беше положен во езерските води а најсреќен беше Сотир Темелко, кој посака здравје, среќа и благосостојба за сите.

Со своите сограѓани во Пустец, како на богослужбата, така и при свечениот чин на положување на крстот, беше градоначалникот на Пали Колефски,

- Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосостојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат традицијата, посебно секако на Сотир, кого од општината соодветно ќе го наградиме, рече за МИА, Колефски.вт/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан