• среда, 21 август 2024

Во прекин водоснабдувањето на неколку улици во Македонска Каменица

Во прекин водоснабдувањето на неколку улици во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 19 август 2024 (МИА) - Водоснабдувањето во Македонска Каменица е во прекин на неколку улици во градот. Во известувањето до граѓаните се наведува дека причината е дефект на главната водоводна линија.

-Екипите на ЈП Камена Река од раните утрински часови се на терен и работат на отстранување на дефектот настанат на главната водоводна линија. Поради истиот без вода за пиење се жителите од улиците Македонска, Илинденска, Езерска и Осоговска во делот после детската градинка Бамби, се вели во известувањето до граѓаните 

Снабдувањето со вода на овој дел од Македонска Каменица се очекува да се нормализира во текот на денот. вс/ев/

ФОТО: МИА Архива 

 

Остани поврзан