• вторник, 17 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во период од пет минути кражби во две банки во атинска населба

Во период од пет минути кражби во две банки во атинска населба

Атина, 19 декември 2024 (МИА) – Непознати лица утрово ограбиле две банки во атинска населба, а кражбите биле во период од пет минути, по што во тек е акција на грчката полиција за пронаоѓање на сторителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Според првичните неофицијални информации и во двата случаи лицата се превезувале со мотори и засега е непознато дали двете кражби се поврзани, како и колку пари успеале да одземат. 

Едниот грабеж бил во 9.40 часот, а вториот во 9.45, а филијалите на двете банки се наоѓаат една спроти друга на централен булевар. ср/

Остани поврзан