• петок, 23 август 2024

Во Пакистан загинаа најмалку две девојчиња откако беше пукано врз школски автобус

Во Пакистан загинаа најмалку две девојчиња откако беше пукано врз школски автобус

Исламабад, 22 август 2024 (МИА) – Две девојчиња загинаа, а пет деца се повредени откако вооружено лице пукаше врз школски автобус во Пакистан.

Инцидентот се случи во градот Аток, во централната провинција Пенџаб, кога децата патувале кон училиштето.

Загинатите и повредените деца се на возраст од пет до десет години.

Мотивот на злосторството сè уште не е познат. ми/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан