• понеделник, 23 декември 2024

Во општините Дебар и Центар Жупа ќе гласаат 37 изнемоштени и болни лица

Во општините Дебар и Центар Жупа ќе гласаат 37 изнемоштени и болни лица

Дебар, 22 април 2024 (МИА) - Во општините Дебар и Центар Жупа утре во домашни услови правото на глас треба да го остварат 37 изнемоштени и болни лица, колку што и се пријавиле.

Гледано одделно 32 лица се од општина Дебар, додека останатите пет во соседната општина Центар Жупа, кои според претседателите на општинските изборни комисии, ќе бидат посетени веднаш откако ќе биде распределен избирачкиот материјал.

Споредено со последниот изборен циклус, локалните избори, бројот на овие лица е помал. Така, во Дебар на изборите во октомври 2021 година гласаа 37 болни и изнемоштени лица, додека во април 2022 на повторените избори за градоначалник, поради необезбеден цензус, во општина Центар Жупа правото на глас го остварија 52 лица.

Во единствениот избирачки список во општина Дебар запишани се 19.334 гласачи, што е за 123 гласачи повеќе споредено со последните локални избори, а ќе се гласа на 27 избирачки места.

Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа запишани се 7.383 со право на глас или 306 повеќе, во однос на повторените избори за градоначалник, а ќе се гласа на 16 избирачки места. вт/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан