• вторник, 24 декември 2024

Во Општина Илинден положено свежо цвеќе на споменикот на војводата Васил Аџаларски во пресрет на Денот на македонската борба

Во Општина Илинден положено свежо цвеќе на споменикот на војводата Васил Аџаларски во пресрет на Денот на македонската борба
Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) - Општина Илинден во пресрет на Денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври, традиционално го одбележа празникот со положување на свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населеното место Миладиновци. Делегација од општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски положи свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов–Аџаларски, претставници на Советот на Општина Илинден, општинските јавни установи, Сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден, невладини организации и граѓани, соопшти Општина Илинден. Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Oктомври, е ден кога со гордост се потсетуваме на борците за правда и еднаквост каков што бил Васил Стојанов-Аџаларски, кој е роден во селото Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година, а загинува во 1909 година. Аџаларски пред и по Илинденското востание бил предводник на поголема чета, а во неговата чета имало повеќе комити од околните места на денешната општина Илинден. ев/нд/

Остани поврзан