• петок, 08 ноември 2024

Во Општина Илинден одбележан Светскиот ден на водата - 22 март

Во Општина Илинден одбележан Светскиот ден на водата - 22 март

Скопје, 22 март 2024

Под мотото „Вода за мир“ денеска во Општина Илинден беше одбележан Светскиот ден на водата, 22 март, кој е прогласен според календарот на Обединетите нации.

По тој повод денес градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со претставници од ЈКП „Водовод“ го посетија новото општинско основно училиште „Гоце Делчев“ во Илинден, каде се одржа настан со дечињата од прво одделение каде заедно донесоа заклучоци за важноста на водата во човековиот живот. Дел од заклучоците се дека треба да ја врсднуваме водата, како и да работиме сите заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс.

Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет.

Водата е во основата на одржливиот развој и клучот за социо-економскиот развој, здравите екосистеми и за самиот опстанок на човекот. Тоа е од витално значење за намалување на глобалното оптоварување со болести и подобрување на здравјето, благосостојба и продуктивноста на населението.

Дечињата на овој ден имаа подготвено активности во однос на цртање и разговори на тема за водата. Дечињата по повод денешниот ден му подарија на градоначалникот прекрасни рачно подготвени изработки.

 

Општина Илинден

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан