Во неготинско Вешје се истражуваа можности за трансформација на локални ресурси во иновативни производи во додадена вредност
- Во неготинското село Вешје синоќа се истражуваа можности за трансформација на локални ресурси во иновативни производи со додадена вредност. Настанот беше организиран од регионалното еколошко друштво „Ековита", во нивната рурална канцеларија во ова село, а се реализираше заедно со рурални жени и млади иноватори. Гости во Вешје беа и претставници на американскиот Мировен корпус во земјава.
Неготино, 20 јули 2025 (МИА) - Во неготинското село Вешје синоќа се истражуваа можности за трансформација на локални ресурси во иновативни производи со додадена вредност. Настанот беше организиран од регионалното еколошко друштво „Ековита", во нивната рурална канцеларија во ова село, а се реализираше заедно со рурални жени и млади иноватори. Гости во Вешје беа и претставници на американскиот Мировен корпус во земјава.
- Го претставивме проектот INNOHUB и новиот модел на рурален претприемнички развој – „Руралната тезга“, како алатка за економско зајакнување на локалната заедница. Организиравме практична работилница со нутриционист, каде што се дегустираа и евалуираа производи со додадена вредност, создадени од учесниците. Имавме креативно и вкусно натпреварување. Американски путер колачиња наспроти медени македонски колачи. Дегустационата комисија, составена од жители на Вешје, ги избра своите фаворити, рече Кристина Тодорова, координаторка на проектот.
Таа изрази благодарност до сите учесници за нивната енергија, креативност и инспиративни идеи, истакнувајќи дека тие се срцето на локалните промени.
Проектот INNOHUB се реализира со подгрант преку регионалниот проект EICEE, кофинансиран од Европската Унија и Владата на Црна Гора. свд/лв/
Фото : МИА