• среда, 09 октомври 2024

Во Куманово „Џез фестивал 2024“

Во Куманово „Џез фестивал 2024“

Куманово, 8 октомври 2024 (МИА) - Во занаетчискиот дом Куманово вечер во 20 часот по осми пат ќе се одржи „Џез фестивал Куманово 2024“, информираа денеска организаторите на фестивалот, „Институтот за наука, уметност култура и спорт“.

Кумановци вечер ќе имаат можност да ги проследат настапите на македонските бендови н „Такси Консилиум“ и „Максимовски јунајтед“.

-Почнавме скромно 2017-та година, се надоградуваме и се обидуваме да ја промовираме џез културата во градот. Поддршка имаме само од општината, градоначалникот и советот кои го поддржа настанот. Очекуваме посетеноста да биде исто како и лани, кога беа исполнети сите места во Занаетчискиот дом, изјави Филип Стевановски, уметнички директор.

Организаторите ги поканија граѓаните да уживаат во звуците на џез музиката, додавајќи дека влезот е слободен. ам/са/

Фото: плакат

Остани поврзан