• сабота, 23 ноември 2024

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане во изолација 774, а во самоизолација 94 лица

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане во изолација 774, а во самоизолација 94 лица
Куманово, 16 септември 2021 (МИА) - На подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане во изолација се 774 лица соопшти денеска МВР.
Во Куманово, во изолација се регистрирани 712 лица, следува општина Липково каде има 41 и најмалку 21 лице во општина Старо Нагоричане. Моментално во Куманово и Старо Нагоричане 69 лица се наоѓаат во самоизолација и 25 во општина Липково.
- На подрачјето на СВР Куманово се регистрирани шест лица кои не го почитувале решението за изолација и девет лица кои не го почитувале решението за самоизолација и против нив се поднесени соодветни пријави, посочија од МВР.
Полициски службеници од СВР Куманово редовно преземаат мерки за контрола на лицата кои се наоѓаат во изолација и самоизолација, посочуваат од полицијата.ам/фф/

Остани поврзан