• среда, 21 август 2024

Во Канада регистрирани над 800 шумски пожари

Во Канада регистрирани над 800 шумски пожари

Отава, 20 август 2024 (МИА) – Во Канада се регистрирани повеќе од 800 активни пожари, од кои 223 се надвор од контрола. Пожарите годинава се проширија на невообичаено голема површина, при што се зафатени области од провинциите на западниот брег до Атлантски Океан во источна и северна Канада.

Неколку недели има пожари и во националниот парк Џаспер, западна Канада. Жителите на градот Џаспер на 16 август, речиси еден месец по евакуацијата се вратија во своите домови. Но, пожарот уништи речиси една третина од градот.

Канада и минатата година Канада беше погодена од големи шумски пожари. До крајот на 2023 година, во повеќе од 6.000 пожари изгореа околу 15 милиони хектари земја – површина поголема од Англија.

Во просек, Канада губи околу 2,5 хектари земја годишно поради шумските пожари. Експертите предупредуваат дека поради климатските промени пожарите ќе станат почести и деструктивни. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан