Во Кавадарци потпишан договор за донација на Фондација ,,Никола Јанчев" за МАНУ
- Договор за донација на Фондацијата ,,Никола Јанчев" за Македонската академија на науките и уметностите, беше потпишан денеска во Кавадарци. Договорот го потпишаа претседателката на фондацијата, Јанинка Чупаркоска и претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, во присуство и на други академици.
Кавадарци, 22 јануари 2025 (МИА) - Договор за донација на Фондацијата ,,Никола Јанчев" за Македонската академија на науките и уметностите, беше потпишан денеска во Кавадарци. Договорот го потпишаа претседателката на фондацијата, Јанинка Чупаркоска и претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, во присуство и на други академици.
- Денешниот повод за вашето присуство за мене лично е од огромно значење бидејќи е одлика на она што го работам и за кое творам цел живот. Потпишуваме договор за донација со највисоката институција во Македонија, Македонската академија на науките и уметностите. Ова претставува историски момент за мене лично како човек, како градоначалник, но најмногу за моето семејство. Посебно сум горд што нашата семејна фондација ,,Никола Јанчев" одлучи да донира финансиски средства, рече градоначалникот Митко Јанчев.
Потпишаниот договор за донација е на три години.
На средбата беше кажано дека фондацијта е основана во 2018 година на иницијатива на градоначалникот и дека средствата за донација се од неговата градоначалничка плата што ја донира во фондацијата, како и од семејната компанија Кожувчанка.
Притоа беше нагласено дека оваа фондација и понатаму ќе ги поддржува талентите, ќе поттикнува различни хуманитарни активности, ќе пружа помош и поддршка, таму каде што е најпотребно.
Пред присутните се обратија и Чупаркоска и академиците, кои изразија задоволство од соработката. свд/
Фото : МИА