• среда, 21 август 2024

Во Иран затворени центри поврзани со Германија

Во Иран затворени центри поврзани со Германија

Техеран, 20 август 2024 (МИА) – Во Иран затворени се два огранока на организации поврзани со Германија поради „незаконски активности и финансиска измама. Еден од затворените центри е Институтот за германски јазик во Техеран.

Според иранските медиуми забележани се прекршувања и од други центри поврзани со Германија, кои во моментов се под истрага

Одлуката за затворање е донесена по забраната на исламскиот центар Хамбург во Германија. Минатиот месец Германија го забрани Хамбуршкиот исламски центар и неговите поврзани организации поради „радикални исламистички цели“.

Германското Министерство за внатрешни работи тогаш соопшти дека центарот дејствувал како директен претставник на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и имал за цел да предизвика исламска револуција во Германија. По затворањето на исламскиот центар во Хамбург, германскиот амбасадор во Техеран беше повикан во иранското Министерство за надворешни работи. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан