• сабота, 23 ноември 2024

Во Индија уапсени девет членови на Ал Каеда

Во Индија уапсени девет членови на Ал Каеда
Њу Делхи, 19 септември 2020 (МИА) - Индиската Национална истражна агенција денеска соопшти дека уапсила девет припадници на терористичката организација Ал Каеда, кои планирале да извршат напади врз повеќе локации, вклучително и во Њу Делхи. Шестмина се уапсени во индиската држава Западен Бенгал, а другите тројца во државата Керала. Националната истражна агенција, главно индиско тело за борба против тероризмот, наведе и дека уапсените биле поврзани со огранок на Ал Каеда, поддржан од Пакистан. ми/

Остани поврзан