Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
- Десетици илјади граѓани се собраа на антивладини протести низ Словачка, барајќи оставка од премиерот Роберт Фицо.

Братислава, 24 јануари 2025 (МИА) – Десетици илјади граѓани се собраа на антивладини протести низ Словачка, барајќи оставка од премиерот Роберт Фицо.
Серијата протести со наслов „Словачка е Европа“ ја организираше граѓанската иницијатива „Мир за Украина“, а словачката дијаспора организираше протестни собири во Полска, Германија, Чешка и Ирска, објави порталот Aktuality.sk.
Според словачкиот претседател Петр Пелегрини, ситуацијата е сериозна, додека Фицо изјави дека тоа е обид за државен удар и „структура“ која сака да го наруши уставниот поредок. јт/
Фото: Aktuality.sk