• среда, 02 октомври 2024

Во израелски воздушни напади врз Појасот Газа загинаа 21 Палестинец

Во израелски воздушни напади врз Појасот Газа загинаа 21 Палестинец

Газа, 1 октомври 2024 (МИА) – Најмалку 21 Палестинец денеска загинаа во два израелските воздушни напади врз Појасот Газа, изјавија палестински лекари.

Во нападот врз две куќи во Нусеират, еден од осумте бегалски кампови во енклавата загинаа 13 лица, меѓу кои и жени и деца.

Во нападот врз училиште во населбата Туфа во Газа загинаа најмалку седуммина. Во Туфа се сместени раселени палестински семејства.

Во соопштение на израелската армија (ИДФ) се наведува дека воздушните напади биле насочени кон милитантната група Хамас, која оперира од команден центар, кој претходно бил училиште. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан