• петок, 06 септември 2024

Во изминатите месеци околу 8.000 Рохинџи од Мјанмар побегнале во Бангладеш

Во изминатите месеци околу 8.000 Рохинџи од Мјанмар побегнале во Бангладеш

Дака, 4 септември 2024 (МИА) – Околу 8.000 Рохинџи изминатите месеци пристигнале во Бангладеш, бегајќи од ескалацијата на насилството во западната сојузна мјанмарска држава Ракин.

- Владата следните два до три дена ќе одржи сериозна дискусија за решавање на кризата, изјави вчера министерот за надворешни работи на Бангладеш, Мохамад Тухид Хосеин.

Додека високиот функционер на владата на Бангладеш задолжен за бегалците, Мохамад Шамсуд Дуза наведе дека земјата веќе е преоптоварена и не може да прими повеќе Рохинџи.

Насилството се интензивираше по судирите помеѓу владејачката хунта во Мјанмар и Армијата Аракан, моќна етничка милиција составена од будистичко мнозинство.

Повеќе од еден милион бегалци Рохинџи, кои избегаа од воената репресија во Мјанмар, воспоставена во 2017 година, живеат во бегалски кампови во Бангладеш. Рохинџите, кои се муслимани, се сметаат за странци во Мјанмар, каде 95 отсто од населението се будисти. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан