• среда, 25 декември 2024

Во Избирачкиот список за Центар Жупа, увид извршиле  40 граѓани  

Во Избирачкиот список за Центар Жупа, увид извршиле  40 граѓани  
Дебар, 18 јули 2022 (МИА) - Увид во избирачкиот список за Центар Жупа, каде на 20 август ќе се избира градоначалник, до предвидениот рок за тоа, до 15. овој месец, извршиле 40 лица. Од  канцеларијата на Државната изборна комисија во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, додаваат дека Избирачкиот список од страна на ДИК се заклучува најдоцна до 30 јули, кога ќе се знае вкупното гласачко тело за ова општина. Инаку, во оваа општина, ова се втори повторени избори, откако градоначалник не беше избран на редовните, но и на повторените избори. И на двата изборни циклуса  не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 1/3 или 33 отсто од вкупно запишаните гласачи. На изборите на 17 октомври 2021 година во единствениот избирачки список беа запишани 7.317 а правото го остварија 25,77 отсто, додека на повторените избори на 17  април од запишаните 7077 лица, гласаа 29,97 отсто, што е околу четири отсто помалку од неопходниот цензус. Како што вчера за МИА изјави Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија за Центар Жупа, за изборите на 20 август потврдена е само една кандидатира. Единствен кандидат ќе биде  Аријан Ибраим, од Турската демократска партија. Со одлука на Владата на 14 ноември 2021 година, Ибраим, кој два мандата е на функцијата,  беше наименуван за повереник за надлежностите на градоначалник за оваа општина. вт / цр

Остани поврзан