Во Дебар на вонреден технички преглед упатени шест возила, кривични пријави за нелегален превоз на патници
- Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар продолжуваат со засилени сообраќајни контроли, во насока на побезбеден сообраќај.
Дебар, 10 март 2023 (МИА) - Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар продолжуваат со засилени сообраќајни контроли, во насока на побезбеден сообраќај.
- Во текот на вчерашниот ден во периодот од 8 до 16 часот, при контроли во патниот сообраќај, полициските службеници во Дебар, на вонреден технички преглед упатиле шест патнички моторни возила, при што кај две возила биле констатирани технички неисправности на уредот за сопирање. На возачите им се поднесени соодветни платни налози, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Исто така, ОВР Дебар поднело кривична пријава против Р.М.(50) од Дебар поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.
При контрола во патниот сообраќај, извршена на 23 минатиот месец полициските службеници го затекнале пријавениот при нелегален такси превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца за таа дејност, издадена од надлежен државен орган.
По истата основа кривична пријава поднесена е и против Ј.К.(34) од Дебар. вт /цр
Фото:МИА