Во Градско, Росоман и Лозово се реализира проектот „Отпад до храна-органски отпад во зелената економија“
- Програма за развој на Обединетите нации УНДП во Скопје почна со реализација на проектот „Отпад до храна - органскиот отпад во зелената економија“. Целта на проектот е поддршка на зелениот еко
Градоначалникот на Општина Градксо, Киро Нацков за МИА информира дека правилното справување со органскиот отпад е еден од приоритетите на општината.
-За главните предизвици од оваа проблематика, вчера имав можност да разговарам со Елена Бодикова од Словачка, меѓународна консултантка за управување со отпад. Таа ќе нѝ помогне успешно да ги имплементираме сите активности во рамки на проектот „Отпад до храна - органскиот отпад во зелената економија“, кој општината го реализира со поддршкана УНДП МК, појаснува Нацков.
Тој појасни дека се прават напори отпадот од храна од земјоделството и индустријата да не се фрла на локалната комунална депонија, туку да биде органски отпад во зелената економија, односно да се искористи во земјоделството за ѓубрење на земјоделските површини. Со тоа, во многу ќе се заштити животната средина, а ќе се заштедат и пари со негова пренамена.
Проектот „Отпад до храна - органскиот отпад во зелената економија“ се имплементира со финансиска поддршка на Министерството за финансии на Република Словачка.
Нацков информира дека во рамки на понатамошниот развој на проектот вчера ги посетија локалните компании „Агриа“ и „Вардар Биопроцес“, како и на локалната депонија, со цел дирекно на терен да се запознаат со состојбите и да знаат како сето тоа да го реализираат за да корист имаат и фирмите и земјоделците и Општина Градско.ад/бт/