• петок, 08 ноември 2024

Во Велес во крводарителска акција собрани 63 единици крв

Во Велес во крводарителска акција собрани 63 единици крв

Велес, 2 јуни 2024 (МИА) - Во денешната крводарителска акција која се одржува втора година пред Манифестацијата Рацинови средби, во Ликовниот салон во Велес беа собрани 63 крвни единици. Петтмина крводарители за првпат даруваа крв и влегоа во Друштвото на хуманата организација. Акцијата ја организира Црвен крст, Општинската организација Велес во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Повод за одржување на крводарителската акција е претстојното 61. издание на Манифестацијата Рацинови средби во Велес

Како што потенцира Орце Николов, секретар од Црвениот крст, Општинска организација Велес, со дарувањето крв велешките крводарители дадоа свој придонес за јавното здравје.

-Како што Рацин стана бесмртен со своејата поезија, така и велешките крводарители со даруваната крв ќе спасат нечиј живот во опасност, со својата хуманост и тие стануваат бесмртни. Им благодариме на сите што денеска ни се приклучија во акцијата, потенцира Николов. ад/ев/

ФОТО: Црвен крст 

 

Остани поврзан