• петок, 08 ноември 2024

Во Британија прва затворска казна во врска со дивеењето на екстремните десничари

Во Британија прва затворска казна во врска со дивеењето на екстремните десничари

Лондон, 9 август 2024 (МИА) - Судот во Обединетото Кралство денеска осуди 28-годишен маж на 20 месеци затвор за поттикнување расна омраза поради пораките на Фејсбук кои повикуваат на напад на хотел во кој престојуваат баратели на азил.

Казната за Џордан Парлор, кој ќе треба да отслужи половина од казната зад решетки, е прва од ваков вид во Британија, откако екстремната десница почна да се буни таму пред повеќе од една недела, пренесе Бета.

Причина за насилството е тоа што 17-годишник убил три девојки со нож на час по танцување, а за кои лажните вести објавени на интернет тврделе дека е муслиман и барател на азил.

Во бранот дивеење што потоа ја зафати Британија, хотел во кој се сместени баратели на азил беше нападнат и запален, а десетици полицајци беа повредени во судир со екстремни десничарски екстремисти. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан