• сабота, 23 ноември 2024

Во Битола врачени сертификати на асистенти на лица со пропреченост 

Во Битола врачени сертификати на асистенти на лица со пропреченост 

Битола, 18 мај 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, додели сертификати на 10 лица кои посетуваа обука за лични асистенти на лицата со попреченост.

Обуката за асистенти се реализираше во соработка со општинската организација на  Црвен крст Битола, а согласно Програмата за социјална заштита на Општина Битола, за која беа издвоени 200.000 денари од општинскиот буџет.

-Со завршувањето на обуката, сертифицираните лични асистенти, се обучени за поддршка на лицата со попреченост и можат работно да бидат ангажирани. На сите кои ја завршија обуката им посакувам успешен работен ангажман, исполнет со одговорност, хуманост и посветеност во работењето, посочи Коњановски.

Како што е познато, со измените во Законот за социјална заштита, се зголемува бројот на корисници на услугите за лична асистнција, а Општина Битола, со реализацијата на овој проект обезбеди доволен број лица кои ќе бидат оспособени за работа како лични асистенти на лицата со физичка попреченост или слепите лица.

Во 2022 година, со овој проект во Битола беа обучени 24 лица, а дел од нив веќе се работно ангажирани, потврдија од тамошната локална самоуправа. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан