• понеделник, 23 декември 2024

Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино

Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино

Струмица, 5 октомври 2024 (МИА) - Едно лице загина во сообраќајнја несреќа на патот Струмица-Валандово, на излез од селото Костурино утрово во 06:40 часот, информираа од СВР Струмица.

Во несреќата учествувале автомобил „фиат" со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ", исто така, со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана полуприколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино.

-На местото на настанот починал сопатникот во полуприколката од тракторот Г.Б.(51) од село Костурино, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобил Т.Б. (54) од село Костурино, кој бил сопатник на тракторот. Возилото „фиат” го напуштило местото на настанот. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица, стои во информацијата од СВР Струмица.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото „фиат”. рт/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан