• сабота, 23 ноември 2024

Волф: Ајде да видиме дали Порше ќе најде уште еден интересен проект во Ф1

Волф: Ајде да видиме дали Порше ќе најде уште еден интересен проект во Ф1
Лондон, 15 септември 2022 (МИА) - Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, смета дека Порше треба да продолжи да бара опции за влез во Формула 1.   Првично, Порше требаше да соработува со Ред Бул, но на крајот страните не успеаја да се договорат, а зделката беше официјално откажана.  - Доаѓањето на Порше во Формула 1 би било одлична вест за шампионатот. Тие само треба да ја проучат ситуацијата и да видат дали можат да најдат друг интересен проект. Можеби нема да можат да дојдат во 2026 година, но можеби ќе бидат во 2027 или 2028 година. Во секој случај, „Porsche“ би можел да биде одлично дополнување во Ф1“, изјави Волф. 

Порше и сестринскиот бренд Ауди требаше да влезат во Формула 1 во 2026 година, но Ред Бул не дозволи преземање на 50 % од акциите, по што преговорите пропаднаа. зс/

Остани поврзан