• сабота, 23 ноември 2024

Водител на Си-ен-ен спиел 6,5 часа во три дена поради изборите (видео)

Водител на Си-ен-ен спиел 6,5 часа во три дена поради изборите (видео)
Вашингтон, 6 ноември 2020 (МИА) - Мајсторот на Си-ен-ен за изборни мапи, Џон Кинг спиел само 6,5 часа во три дена поради изборите во САД, кои сѐ уште немаат завршница и епилог. - Ме снимаа 12 - 14 часа и во вторникот и во средата. Вторникот вечерта спиев 2,5 часа, а вчеравечер - четири часа. Среќен сум што можам да направам колку што можам. Ова е неверојатна приказна која трае. Уште повеќе поради пандемијата и влијанието врз сè ова, рече сношти Кинг во изјава за „Лос Анџелес тајмс“. По својот своевиден подвиг, како и за својата неуморност при претставувањето податоци, 59-годишниот новинар и водител доби бројни признанија од своите колеги и други сотатковинци. си/ https://youtu.be/q_5Sy8sFsyk

Остани поврзан