• четврток, 30 јануари 2025

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се обидува да најде оправдувања, но е заглавен во калта на сите системски неуспеси што ги остави зад себе

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се обидува да најде оправдувања, но е заглавен во калта на сите системски неуспеси што ги остави зад себе

Скопје, 29 јануари 2025 

Филипче и СДС работеле на штета на јавното здравје на граѓаните.

Филипче и СДС работеле надвор од законските процедури.

Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.

Деструктивните политики на Филипче, СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството, како историскиот скандал на Онкологија.

Последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни.

Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.

Филипче дозволи здравствениот систем да се распадне, а неговиот мандат беше обележан со недостиг на регистар за следење на онколошката терапија.

Филипче во паника се обидува да се оправда, но заборава дека нему му се случи модуларната болница.

Филипче набавуваше вакцини за ковид од непостоечка фирма во Кина, Филипче беше неспособен да набави вакцини, имаше недостиг на маски за медицинските работници сред ковид пандемија, немаше кислород и болнички кревети, медикаменти, тестови за ковид и опрема.

Филипче и СДС местеа тендерите во четири очи, кои ги затскриваа позади здравствената криза.

 Филипче треба да знае дека оваа влада не работи „како до сега“ и не работи на реверс со кршење закони и крадење ампули.

ЈО да отвори истраги за да се испитаат сите прекршувања на закони, процедури, постапки и тендери во здравството.

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

Остани поврзан