• петок, 19 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да сфатат дека проблемот е во нив, тие со навреди за сите кои ги напуштаат

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да сфатат дека проблемот е во нив, тие со навреди за сите кои ги напуштаат

Скопје, 1 август 2025 (МИА) - СДС со навреди за сите кои ги напуштаат, наместо да сфатат дека проблемот е во нив. СДС уште еднаш покажа дека не трпи пораз, ниту вистина. Наместо да се запраша зошто сè повеќе луѓе ги напуштаат, тие продолжуваат со навреди и омаловажувања. Но, проблемот не е во оние кои си заминуваат, проблемот е во СДС, наведува СДСМ во соопштението што МИА го објавува интегрално.

Според ова, секој што не е со нив, тоа го прави поради „личен бенефит“. Што е навреда и потценување на народот. И е навреда за сите, освен за оние нивни 6 проценти поддржувачи.

Кога СДС зборува за „личен бенефит“, тоа не само што е лицемерно, туку е и навреда за здравиот разум. Зашто токму СДС е партијата што ги изгради најголемите механизми на личен интерес и политичка користољубивост:

– партијата на Зоран Заев, кој ја претвори Владата во приватна фирма,

– на Венко Филипче, симболот на здравствени тендери со мирис на скандал,

– на Ковачевски, Зечевиќ, Маричиќ и Љупчо Николовски, архитекти на сервилна соработка со ДУИ,

– и на Спасовски, кој ја претвори полицијата во послушник на политичкиот криминал.

Сите тие служеа како извршители во секој грабеж и секоја уцена. Тие ја обезличија државата. Го урнаа правниот поредок. Ја деградираа демократијата.

А сега, навредуваат секој што не сака повеќе да биде дел од нивниот хаос.

Не постои поголем комплимент за некој човек од тоа СДС да го нападне. Затоа што ако СДС ве мрази, значи дека нешто вредите.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

Фото: МИА архива

Остани поврзан