• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ седум години газеше врз работниците, сега лицемерно покажува грижа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ седум години газеше врз работниците, сега лицемерно покажува грижа

27 март 2025

СДС седум години газеше врз работниците, сега лицемерно покажува грижа

СДС нека се освестат и нека погледнат што им правеа на работниците во изминатите седум години.

СДС кој газеше врз стандардот на граѓаните сега му текна дека граѓаните биле тука, ама никако да му текне дека и за седум години власт требаше да мисли на нив.

Во времето на СДС или во периодот 2017 – 2022 година, Македонија беше на дното по раст на БДП. Колку за илустрација, во овој период растот во Македонија на БДП беше 20 проценти, во Србија во истиот период е 50 проценти, а во Бугарија е зголемен за 64%.

Да ги информираме во СДС, покачувањата на платите одат тековно и според закон утврдени правила, ако има поинаков договор истото и ќе се почитува.

СДС кој доби црвен картон, кој ги крадеше граѓаните и државата во моментов нека се консолидира и освести, па потоа да коментира.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан