• петок, 21 февруари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во заштита на капиталот, високите цени и трговците

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во заштита на капиталот, високите цени и трговците

Скопје, 14 февруари 2025

СДС во заштита на капиталот, високите цени и трговците.

СДС без чувство за граѓаните, повторно се става во заштита на интересите на капиталците.

СДС се докажани во шурувањето со крупните капиталци и во немањето никакво чувство за народот.

Додека СДС беше на власт, наместо во интерес на граѓаните, работеше исклучиво во интерес на нивната политичка елита која заедно со трговците и капиталот, ја ограбуваа државата и го осиромашуваа народот.

Периодот на владеење на СДС го обележа местењето тендери во четири очи со кои ги празнеа буџетите на институциите, а големците во партија парите ги делеа сопствениците на фирмите.

Тоа време заврши и ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија која ја предводи власта, посветено работи во заштита на интересот на државата и граѓаните.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт како граѓаните, така и целокупните општествени чинители, имаат партнер со кој заеднички ги креираат и ги носат политики за доброто на сите.

Во континуитет се преземаат мерки зачувување на стандардот на граѓаните, се намалуваат цените на прехранбените производи, така што само во последната мерка се намалија цените на над 1000 производи.

ВМРО-ДПМНЕ на власт за само неколку месеци го санираше пустошот што го остави СДС и ја стабилизираше економијата, ги зголеми странските инвестиции кои се долготрајно и издржано решение за зголемување животниот стандард.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан