• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Само една фирма, блиска до власта, се јавува на тендер за чистење на автопатот Миладиновци-Штип

ВМРО-ДПМНЕ: Само една фирма, блиска до власта, се јавува на тендер за чистење на автопатот Миладиновци-Штип
Скопје, 30 јули 2022 Само со СДСМ на власт, на  тендер од 767 илјади евра не се јавува ниту една голема градежна фирма, туку само фирма, блиска до партијата и нивен кандидат за градоначалник. Фантастични 767 илјади евра за чистење на одронот на автопатот Миладиновци - Штип, тежи работата која што Македонија пат ја става на тендер, а на него се јавува само Стентон градба од Битола, фирма блиска до власта и до кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски. Како е можно на тендер за градежни работи - чистење  а одрони, кои треба да се изведуваат на патниот правец Миладиновци - Штип, околу кој гравитираат општините Штип, Свети Николе, Куманово и цело Скопје да не се јави ниту една фирма  од овие општини, туку фирма од Битола, во соработка со фирма од Тетово. Не се работи за програмирање, услуги, или друг вид на работа за која не е важна оддалеченоста помеѓу местото на работа и седиштето на фирмата, се работи за градежни зафати за кои е важен и регионот на изведба кој игра улога во цената. И на ваков тендер, со оваа сума не се јавила ниту една фирма од поблискиот регион, туку само Стентон градба од Битола. Како само Стентон градба е заинтересиран за тендер од 767 илјади евра? И како е дојдено до сумата од 767 илјади евра за обично чистење на одрони и засекување на одредени делови? ДКСК и ЈО да не чекаат да дознаваат понатамошни информации од медиумите и да отворат случај веднаш. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ  __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан