• петок, 23 август 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска добро да се информира пред да излегува на прес-конференции, за да не се извинува повторно

ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска добро да се информира пред да излегува на прес-конференции, за да не се извинува повторно

Скопје, 21 август 2024

СДС го создаде хаосот на улиците, десетици убиства уште се нерасчистени, Кузеска да внимава за што држи прес-конференции да не се извинува повторно

Кузеска добро да се информира пред да излегува на прес-конференции, за да не се извинува повторно, откако ќе се фати во лагите. Хаосот по улиците е предизвикан од СДС и Спасовски, кои 8 години дозволија безредие.

Во време на Спасовски во МВР се пробиваа акции за апсење на картели, се штанцаа пасоши на мафијаши, се крадеше муниција од полициски објекти.

Криминалците се осилија во времето на Спасовски. Сега владата на ВМРО-ДПМНЕ прави се за да воспостави брзо и ефикасно ред на улиците. Граѓаните да се чувствуваат безбедно, зошто сега за разлика од порано се постапува веднаш, и веднаш има уапсени.

Во време на СДС ниту еден убиец не е фатен, десетици нерасчистени убиства стојат на контото на СДС, кои наместо да го гонат криминалците се сојузија со нив.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

Остани поврзан