• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: Една година нема проблем со откуп и со откупната цена, СДС ги оставаше земјоделците со празни раце

ВМРО-ДПМНЕ: Една година нема проблем со откуп и со откупната цена, СДС ги оставаше земјоделците со празни раце

Скопје, 20 јули 2025

СДС имаше неисплатени субвенции од 2021 година наваму. Кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, ги исплати сите заостанати субвенции и продолжи со редовна исплата.

За разлика од времето на СДС, сега субвенциите се исплаќаат редовно и завршуваат кај вистинските земјоделци.

Веќе една година нема проблем ниту со откупот ниту со висината на откупната цена, напротив, имаме досега највисоки откупни цени и за тутунот и за грозјето и за пченицата и за раноградинарските култури.

Пченицата се откупува сега за 12 денари, а министерството ќе покрие и други трошоци на земјоделците.

Откупните цени на винското грозје за 2025 година, поконкретно за Вранец се 21.3 денари, а за Смедеревка 18.9 денари.

МЗШВ нема скратено средства за земјоделците. Тоа е одлика на СДС, кога не им ги исплаќаа субвенциите и ги оставаа со празни раце, па си делеа тендери и фотелји меѓу нив.

Земјоделците јасно го имаа искажано револтот кон СДС, а го искажаа и сите останати граѓани.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Остани поврзан