ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче е вмешан во вештачката криза на Онкологија преку веледрогеријата Пановски?
- СООПШТЕНИЕ - Вештачката криза што се случува години наназад, поради тоа што веледрогеријата Пановски, која е во блиска релација со Филипче, го уценувала македонското здравство за што поголем профит.
27 јануари 2025
Дали Филипче влијаел за доделување на тендери на веледрогеријата Пановски во висина над 35 милиони евра?
Вештачката криза што се случува години наназад, поради тоа што веледрогеријата Пановски, која е во блиска релација со Филипче, го уценувала македонското здравство за што поголем профит.
Профитот што го остварувала оваа веледрогерија, го правела врз маките на граѓаните, кои плаќале огромни суми за лекови за да го продолжат животот на најблиските.
Граѓаните вакво нешто не заслужуваат. Македонското здравство заслужува подобар третман и услуги. Оваа мафија на смртта која што палела и гасела во македонското здравство мора да одговара.
Го повикуваме ЈО да отвори истрага против оваа мафија која што ја интересира само профитот од маката на граѓаните. Исто така, да истражи колку пари се испумпувале од ФЗОМ и Клиниките.
Правдата мора да дојде, а оваа мафија да одговара.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.