• петок, 08 ноември 2024

Владата одобри проекти за уште 36 општини од програмата ТАВ

Владата одобри проекти за уште 36 општини од програмата ТАВ
Скопје, 6 јули 2021 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија на денешната 85-та тематска седница го разгледа и одобри пакетот договори за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни за финансиска поддршка финансирање на инфраструктурни проекти на општините од програмата ТАВ. Вториот пакет, како што информираат од владината прес-служба, опфаќа 36 општини на кои им се одобрени проектите со кои тие аплицираа за оваа програма и со кои се опфатени изведби на инфраструктурни зафати од непосреден интерес на граѓаните од опфатените општини со овој пакет. аа/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан