• сабота, 23 ноември 2024

Вицепремиерот Меџити од Вашингтон: Северна Македонија има нов почеток, разликата од порано е што се нудат нови кадри, без хипотеки, без политички багаж

Вицепремиерот Меџити од Вашингтон: Северна Македонија има нов почеток, разликата од порано е што се нудат нови кадри, без хипотеки, без политички багаж

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Северна Македонија има нов почеток. Во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, туку се подготвени да се соочат со корупцијата, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард.

Ова го изјавил првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е во официјална посета на САД и каде на покана на Атлантскиот совет учествува на деветтата годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа.

- Станува збор за нова коалиција од пред само една година, која ја сочинуваат четири политички субјекти, што во основа е револуционерна работа на политичката сцена на Северна Македонија. Ни треба малку време да се усогласиме, да се запознаеме и да работиме под чадорот на ВЛЕН. Но, разликата од порано е што се нуди нова рамка, без хипотеки, без политички багаж. И мислам дека Македонија има нов почеток. Во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, но се подготвени да се соочат со корупција, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард. Нашиот фокус е на децентрализацијата. Мислам дека сето тоа ќе даде нова динамика и ќе ја врати надежта кај младите за да не го гледаат заминувањето од државата како единствена алтернатива, изјавил Меџити во интервју за Гласот на Америка. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан