• петок, 21 февруари 2025

Вицепремиерот Меџити на доделување стипендии и награди за студенти од Фондацијата Албиз

Вицепремиерот Меџити на доделување стипендии и награди за студенти од Фондацијата Албиз

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Фондацијата за развој на образованието и култура Албиз денеска ќе додели 175 стипендии за студенти и 15 награди за дипломирани студенти со просек над 9.0, за академската година 2024/2025. 

Како што најавија од Фондацијата, на доделувањето на стипендиите и на наградите ќе се обрати Изет Меџити, вицепремиер на Владата на Република  Северна Македонија и Менди Ќира, претседател на ОЕМВП, а гости ќе бидат ректори на универзитети, градоначалници и претставници од бизнис секторот.

Фондацијата Албиз е непрофитна организација која работи во развојот на образованието и културата во Северна Македонија и ја промовира општествената корпоративната одговорност на приватните компании. Фондацијата Албиз спроведува програми и проекти кои го поддржуваат: професионалниот развој на ученици и студентите, неформална едукација на младите, издавање на публикации, маргинализираните групи, интервенции во инфраструктура итн. цр/мд/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан