• среда, 26 март 2025

Вирц се поблиску до нов договор со Баер, но со посебна клаузула

Вирц се поблиску до нов договор со Баер, но со посебна клаузула

Леверкузен, 25 март 2025 (МИА) - Раководството на Баер Леверкузен е во завршна фаза од преговорите за продолжување на договорот со нивната ѕвезда Флоријан Вирц за најмалку уште една година. Според информациите на угледниот германски новинар Флоријан Плетенберг, новиот договор ќе вклучува ослободителна клаузула со важност од летото 2026 година.

Клубот го очекува конечниот одговор на играчот многу брзо и е оптимист дека ќе биде постигнат договор кој ќе го задржи Вирц на „БајАрена“ најмалку до 2028 година. Неговиот актуелен договор истекува во 2027 година.

Флоријан Вирц е меѓу најдобрите млади таленти на континентот и привлекува сериозно внимание од големите клубови како Баерн Минхен и Манчестер Сити. Доколку дојде понуда ова лето, Леверкузен најверојатно ќе бара сума од 120 до 130 милиони евра, плус дополнителни бонуси, за да се раздели со својот клучен играч. дс

Фото: Архива

Остани поврзан