• недела, 21 јули 2024

Виртуелна конференција „Договор за стабилизација и асоцијација МК-ЕУ: Дваесет години и понатаму“

Виртуелна конференција „Договор за стабилизација и асоцијација МК-ЕУ: Дваесет години и понатаму“
Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Институтот за европска политика – Скопје организира виртуелна конференција на тема „Договор за стабилизација и асоцијација МК-ЕУ: Дваесет години и понатаму“. Оваа конференција се одржува во чест на одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на ССА и 10-годишнината од одржувањето на првиот настан на ЕПИ. Целта е да се направи анализа на придобивките, но и неискористените можности и потенцијали на ССА во односите со ЕУ и да укаже на идните насоки за спроведување на Спогодбата. Во воведната сесија на конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска, заменик-претседателот на Влада за европски прашања, Никола Димитров и заменик-раководителката на единицата за Северна Македонија во Европската комисија, Мари Тереса Моран. За придобивките, неискористените можности и потенцијалите на Спогодбата на панелот ќе дискутираат Драган Тилев, државен советник во СЕП, Силвана Мојсовска, професорка во Економскиот институт во Скопје, Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет при УКИМ во Скопје и Агим Мамути професор на Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје. Модератрка на панел дискусијата ќе биде Малинка Ристевска Јорданова, членка на управниот одбор на ЕПИ, додека заклучните согледувања ќе ги презентира Ардита Абази Имери, програмска координаторка во ЕПИ. свс/скс/

Остани поврзан